Недела дваесет и петта по Педесетнница
На 26.11.2017 година, Недела дваесет и петта по Педесетнница, Св. Јован Златоуст, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Андон Андоноски, презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. Пред литургијата се изврши и менување на Страчица на светиот престол во олтарот на храмот. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата Митрополитот Тетовско-гостиварски проповедаше, проповедта може во целост да ја прочитате тука ....